ЗА ПЕЦ

Едукативниот центар на Промедика (ПЕЦ) располага со современо опремена сала со капацитет од 50 седишта за посетители и слушатели. Техничката опременост на ПЕЦ се карактеризира со најсовремена видео и аудио технологија за одржување на едукативни предавања, презентации и промоции. Тука најчесто можете да се запознаете со најновите достигнувања од областа на стоматолошката дејност, медицинската наука и фармацевтската индустрија. Во рамките на ПЕЦ работи и современа заботехничка лабораторија – „Промедика лаб“ во која постојано се одржуваат разни видови на основни, напредни и специјализирани курсеви, каде детално се презентира начинот и постапката на работа со најсовремените стоматолошки и заботехнички материјали. Курсевите се одржуваат во групи од 8 учесници кои активно учествуваат во работата, со обезбедени материјали и инструменти за работа во зависност од потребите и барањата на курсот, за што на крајот добиваат соодветен сертификат за учество. За повеќе информации во врска со случувањата во ПЕЦ можете да видите во календарот на настани.

Едукативен центар
на Промедика (ПЕЦ)

Техничката опременост на ПЕЦ се карактеризира со
најсовремена видео и аудио технологија за
одржување на едукативни предавања, презентации
и промоции.

ПОВЕЌЕ
ИНФОРМАЦИИ

jQuery.noconflict(true);

Едукативен центар
на Промедика (ПЕЦ)

Техничката опременост на ПЕЦ се карактеризира со
најсовремена видео и аудио технологија за
одржување на едукативни предавања, презентации
и промоции.

ПОВЕЌЕ
jQuery.noconflict(true);

ГАЛЕРИЈА И ПУБЛИКАЦИИ

Курс „Protaper GOLD – за Современа машинска ендодонција со д-р Теди Зероски“

IPS e.max vs. IPS Style

SIMPLEX BY RENFERT

ПОВЕЌЕ