Потпишан договор за доделување на финансиска помош помеѓу Промедика и Стоматолошкиот факултет во Скопје
Нашите заложби за поттик на младите да напредуваат и да се надоградуваат се дел од серијата општествено одговорни активности кои ќе ги реализираме како одговорна компанија во периодов кој ни следи.
Особено сме горди што потпишавме договор со Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за доделување на финансиска поддршка, субвенции за отворање на нова клиника на тројца најдобро дипломирани студенти.
Финансиската поддршка се доделува на најдобрите студенти за учебната 2022/2023 година и тоа на:
– двајца најдобро дипломирани студенти од студиската програма по дентална медицина и
– еден најдобро дипломиран студент од студиската програма за стручни забни техничари.
Финансиската поддршка се однесува на доделување на ваучери за набавки, од кои:
– 2 (два) ваучери со 50% попуст за набавка на опрема за отворање на сопствена здравствена амбуланта и
– 1 (еден) ваучер со 30% попуст за набавка на заботехнички материјали.
Во иднина, Промедика и Стоматолошкиот факултет ќе обезбедуваат целосна поддршка на студентите, што подразбира спроведување на заеднички проекти и активности од научно-истражувачки и развоен карактер, како и соработка во вид на едукативни активности преку организирање на посети, научни и стручни собири, обуки и слично.