ЗА НАС

Секторот за стоматологија и забна техника на Промедика е лидер на пазарот за материјали и опрема за стоматологија и забна техника во Македонија. Партнери сме со повеќе од 60 реномирани производители од целиот свет и имаме 25 години искуство во оваа област.

Нашата основна определба е, на Вас нашите клиенти, да Ви понудиме:

ШИРОКА ПАЛЕТА НА КВАЛИТЕТНИ ПРОИЗВОДИ

ВРВНО НИВО НА УСЛУГИ И ПРОФЕСИОНАЛНА ПОДДРШКА (ВЛУЧУВАЈЌИ СЕРВИС НА ОПРЕМА)

СТАБИЛНИ И ДОСТАПНИ ЦЕНИ

ПОСТОЈАНИ РЕЗЕРВИ НА СИТЕ ПРОИЗВОДИ КОИШТО ВИ СЕ ПОТРЕБНИ ВО СЕКОЈДНЕВНАТА РАБОТA

КОНТИНУИРАНА ЕДУКАЦИЈА

Нашите вработени имаат долгогодишно искуство и стручно знаење со кои се гордееме и сме подготвени во секое време да им излеземе во пресрет на сите ваши потреби. Будно ги следиме новитетите во полето на стоматологијата и забната техника во светски рамки и Ви овозможуваме да бидете во чекор со нив и Вие преку нашите производи и едукативни активности. Сево ова ни овозможува да изградиме стабилни односи со Вас базирани на взаемна доверба и разбирање.